Достапни линкови

logo-print

Николиќ: ќе помогнам Србија да го продолжи европскиот пат


Во зградата на претседателството во Белград вчера беше инаугуриран српскиот претседател Томислав Николиќ, во присуство на околу 1.200 гости. Српскиот претседател Томислав Николиќ порача за време на инаугурацијата дека европскиот пат на Србија претставува иднина и економски просперитет на земјата, додавајќи дека ќе помогне тој пат да продолжи, оти во интерес на државата ќе соработува со сите во светот, а во регионот ќе води политика на мир, стабилност и соработка.
На изборите кои се одржаа на 6 мај, Николиќ во вториот круг го победи својот противкандидат Борис Тадиќ со освоени 50,21 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG