Достапни линкови

Филе: Србија да оствари видлив и одржлив напредок со Косово


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека клучен приоритет за Србија на патот на земјата кон Европската унија треба да биде постигнување на видлив и одржлив напредок во односите со Косово. „Имајќи предвид дека Србија сега е кандидат за ЕУ треба транспарентно и јасно да ставиме до знаење што се очекува од неа“ рече Филе по средбата со српскиот претседател Томислав Николиќ, за чија инаугурација пристигна во Белград. Филе изјави дека постои амбиција Србија да започне преговори со ЕУ до крајот на годинава, но поради тоа „не можеме да губиме ниту час ниту ден“, повторувајќи дека треба што поскоро да се формира нова влада.Според него треба да се продолжи со реформскиот процес и позитивно да се одговори на започнатите реформи. Тој додаде дека ЕУ очекува од Србија да одигра важна улога во регионалната соработка и да го предводи процесот на помирување во регионот. Николиќ го поздрави Филе нарекувајќи го „докажан пријател на Србија“, објаснувајќи дека „тој никогаш не бил на ниту една политичка страна и не се мешал во тоа кој ќе биде во владата на Србија“.
XS
SM
MD
LG