Достапни линкови

Преговорите меѓу САД и Пакистан во ќорсокак?


танкери заглавени на преминот во близина на Карачи

танкери заглавени на преминот во близина на Карачи

Заглавија преговорите меѓу Соединетите американски држави и Пакистан за повторно отворање на рутите за снабдување на војнциите на НАТО во Авганистан. Портпаролот на Пентагон Џорџ Лидл изјави дека официјален Вашингтон го повлекол преговарачкиот тим од Исламбад. Тој додаде дека дел од тимот заминал а неколкумината кои останале наскоро ќе го напуштат Пакистан. Портпаролот рече дека на висок претставник на Пентагон не му било дозволено да се сретне со шефот на пакистанската армија. Рутите за снабдување на војниците на Алијансата беа блокирани во знак на протест поради жртвите од воздушен напад на Соединетите американски држави во Пакистан.
XS
SM
MD
LG