Достапни линкови

logo-print

За сега нема поскапување на струјата


Регулаторната комисија за енергетика може да донесе одлука за промена на електричната енергија доколку анализите покажат дека трошоците на ЕВН и ЕЛЕМ во текот на зимскиот период биле повисоки од пет проценти. Претседателот на Комисијата Димитар Петров рече дека засега ниту една од компаниите нема поднесено барање. „Имавме разговори и со ЕВН и со ЕЛЕМ од аспект на зголемени трошоци затоа што ги следиме на месечно ниво. Тие ги обработуваат трошоците кои настанаа во зимскиот период поради високата цена на увезената електрична енергија и ќе има простор да ги гледаме на средината на годината, односно до крајот на овој месец“ рече Петров. Тој појасни дека согласно правилникот за регулирана цена, било која од компаниите, доколку има зголемени трошоци повеќе од 5 отсто има право да достави барање кое дополнително се разгледува и ќе се донесе одлука согласно правилникот.
XS
SM
MD
LG