Достапни линкови

Новинарите кренаа глас против судиите


Новинарите бараа од дел од судиите да престанат да им се умилкуваат на политичарите и да престанат да судат во нивна корист.

Охрабрете се судии - судете праведно! Селективната правда е најголема неправда! Многу тужби малку слобода! Душевната болка ја лекува вистината! Ова беа дел од транспарентите со кои новинарите денеска излегоа на протест пред Основниот суд во Скопје.
Селективна правда е најголема неправда. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки. Сакаме да порачаме дека сите судии што нема да го слушнат нашиот глас во иднина ќе ги соочиме со нивната одговорност, пред судскиот совет и пред македонската јавност.

Новинарите бараа од дел од судиите да престанат да им се умилкуваат на политичарите и да престанат да судат во нивна корист. Претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани изјави дека големиот број тужби за клевета против новинари, високите надоместоци за нематеријална штета и долгите постапки се резултат на лошата судска пракса.
Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.

Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.


„Селективна правда е најголема неправда. Не може новинарите да се спроведуваат со полиција во судница, а останатите да се третираат како заштитени мечки. Сакаме да порачаме дека сите судии што нема да го слушнат нашиот глас во иднина ќе ги соочиме со нивната одговорност, пред судскиот совет и пред македонската јавност.“
Сите меѓународни организации ваквите судски пресуди ги имаат во својот извештај како пресуди кои се спротивни, односно ја загрозуваат слободата на медиумите. Го уриваат угледот на судството, ова не е инцидентно, туку буквално сите меѓународни асоцијации ваквата пракса ја осудија и ја сметаат за погубна на слободата на медиумите.

Дел од присутните на протестот сметаат дека во Македонија нема проблем со слободата на говорот туку проблемот е со слободата после говорот. Три години поминаа, отткако владата зазеде став дека нема да тужи новинари, но денеска голем број од нив се соочуваат со тужби за клевети. Според неофицијални податоци станува збор за отприлика 300 тужби против новинари за клевета. Само во 2010 година 170 новинари биле тужени за клевета, навреда и наружување на углед.

Во изминатиов период, уредничката на неделникот Фокус Јадранка Костовска доби една од најголемите казни во износ од 15 илјади евра. Таа вели дека со судската пракса која не соодвествува со судската пракса во Стразбур и нанесуваат штета на државата.

„Сите меѓународни организации ваквите судски пресуди ги имаат во својот извештај како пресуди кои се спротивни, односно ја загрозуваат слободата на медиумите. Го уриваат угледот на судството, ова не е инцидентно, туку буквално сите меѓународни асоцијации вакват апркаса ја осудија и ја сметаат за погубна на слободата на медиумите.“
Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.

Новинарите протестираа пред Основниот суд во Скопје.


Уредникот на дневниот весник „Вест “ Горан Михајловски вели дека денешниот протест е едно потсетување дека без слобода на медиуми нема демократија и дека со големиот број на судски процеси се воведува самоцензура која е полоша од цензурата.Тој додава дека целокупната состојба во медиумите веќе ја прелеа чашата.

„Веројатно влијаело тоа што има повеќе судски процеси, веројатно влијаело тоа што преговoрите за декриминиализација на клеветата се пропаднати, едноставно решивме дa направимe еден протест со кој сакаме да ги осмелиме добрите судии.“

Долгогодишниот новинар и уредник Александар Чомовски смета дека важната улога го битката за декриминализација треба да има и Врховниот Суд, односно кога таа институција ќе ја определи казнената политика во пресудувањето на клеветата и навредата, тоа ќе стане изворно правило за пониските судови.

„Моја сугестија е дека оној судија кој еднаш ќе плати висока казна за нарушен углед и чест на новинар што го осудиле без причина, со прекршени правила на кривичната постапка, тој момент судиите ќе станат свесни за што работат, против кого работат и како треба да ја штитат слободата на изразување.“

Неодамна претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ Дуња Мијатовиќ оцени дека од нејзината последна посета на Македонија, во октомври минатата година до сега не е направено ништо за зголемување на слободата на медиумите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG