Достапни линкови

Експлозија во трамвај во Украина


Најмалку деветмина се повредени во експлозија во трамвај во градот Днипропетровск, соопштија украинските власти. Според министерството за внатрешни работи, екслозијата настанала поради тоа што еден од патниците несоодветно ракувал со барут. Четириесет годишниот патник кој пренесувал барут е меѓу деветмината повредени. Тој наводно го купил експлозивниот прашак за лов. Нема сомненија за тероризам.
XS
SM
MD
LG