Достапни линкови

logo-print

Одбраната бара Караџиќ да биде ослободен


Одбраната на поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ побара екс-лидерот да биде ослободен, со образложение дека во Босна и Херцеговина немало геноцид во 1992 година. „Не постои начин на судењето да биде заклучено дека Караџиќ е виновен за геноцид“ изјави адвокатот Питер Робинсон. Обвинителството го товари Караџиќ за геноцид, за злосторство против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната. Портпаролот на Трибуналот, Нерма Јелачиќ претходно соопшти дека на барањето ќе биде одговорено најдоцна до 13 јуни. Докзаната одбрана на Караџиќ пред Хашкиот трибунал е закажана за 16 октомври.
XS
SM
MD
LG