Достапни линкови

Стравувања за жртви во земјотресите во северен Авганистан


Постојат стравувања дека има загинати во двата земјотреси кои го погодија северниот дел на Авганистан рано утрово. Авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа ги пренесува изјавите на надлежните кои велат дека цело село било потрупано во одрон на земјиште. Околу 20 куќи биле затрупани во областа Бурка, изјави шефот на авганистанскиот оддел за природни катастрофи Самим Афзали. За сега нема информации за бројот на жртви. Двата земјотреси биле со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 160 километри од градот Фејзабад.
XS
SM
MD
LG