Достапни линкови

ЗНМ на протест пред суд


Архивска фотографија - протест на новинари.

Архивска фотографија - протест на новинари.

Новинарите бараат од судиите да постапуваат неселективно, да не се користат тужбите како средства за вршење притисок, да ги намалат непропорционалните надоместоци за нематеријална штета како и намалување на долгите и неефикасни постапки.

Новинарите денеска протестираат пред Основниот Суд 1 во Скопје. Протестот го организира Здружението на новинари, поради незадоволството од односот на судовите кои не само што продолжуваат со лошата пракса во предметите против новинарите, туку и го заоструваат односот. Приведување новинари, астрономски суми за клевета па дури затвор и донесување на одлуки во отстуство на обвинетиот новинар, ова е дел од праксата во македонските судови.
Добива време, заради тоа што ние сме поставени во ситуација дека ќе не чекаат наесен кога ќе се прави повторно извештај до каде е нашиот напредок за евроинтеграциите, на тој начин таму ќе биде забележано дека еве и во оваа медиумска сфера која беше забележана како проблем нешто се прави. Просто како да сака да добие некој на време во таа смисла. Така да еве да речам не сум некој голем оптимист во однос на тоа прашање.

Последен пример за ваквиот однос е случајот на новинарката Искра Опетчевска која со полиција била однесена на суд иако, како што вели таа, за судското рочиште не добила покана.

„Судија дал наредба за стражарно приведување, меѓутоа ние немавме никаква покана. Инаку досега уредно сме се јавувале на рочиштата за кои сме добиле покани.“

Додека за новинарите, се ангажира и полициска асистенција, за политичарите од другата страна пак, судот и доставувачите на судските покани мака мачат да ја утврдат адресата на живеење, дури и работното место, па поканите за суд не успеваат да дојдат до нив. Поради тоа, судењата во кои обвинети за клевета се политичари траат со години.
Дијалог ЗНМ - Влада, 2011.

Дијалог ЗНМ - Влада, 2011.


За жал после 8 месеци ние треба да констатираме дека не само што немаме резултати од тој дијалог туку нема ни дијалог и да речеме дека овој обид, овој дијалог е неуспешен.
Новинарите на денешниот протест бараат од судиите да постапуваат неселективно, да не се користат тужбите како средства за вршење притисок, да ги намалат непропорционалните надоместоци за нематеријална штета како и намалување на долгите и неефикасни постапки. Во соопштението од ЗНМ е наведено дека бараат од судовите поефикасно да ја применат судската пракса од Стразбур додека не се најде соодветно решение за декриминализацијата. Претходно, пред само еден месец претседателот на ЗНМ Насер Селмани изјави дека дијалогот меѓу новинарите и владата за декриминализацијата е нефункционален.

„За жал после 8 месеци ние треба да констатираме дека не само што немаме резултати од тој дијалог туку нема ни дијалог и да речеме дека овој обид, овој дијалог е неуспешен. “

Професорката по комуникации Весна Шопар, вели дека со обидот за преговорите новинарите беа ставени во незавидна позиција и како се одвиваа настаните се добива впечаток дека станува збор за глумење на преговори и лицемерие. Власта со тоа што преговорите ги сведе само на форма без притоа да се обрати внимание на суштина е всушност само купување време.

„Добива време, заради тоа што ние сме поставени во ситуација дека ќе не чекаат наесен кога ќе се прави повторно извештај до каде е нашиот напредок за евроинтеграциите, на тој начин таму ќе биде забележано дека еве и во оваа медиумска сфера која беше забележана како проблем нешто се прави. Просто како да сака да добие некој на време во таа смисла. Така да еве да речам не сум некој голем оптимист во однос на тоа прашање.“

Решавањето на проблемот со слободата на медиумите е првиот критериум од предпристапниот дијалог на Владата со ЕУ. Во патоказатот кој што е презентиран пред еврокомесарот Штефан Филе е наведено дека до 30 јуни, владата ќе одржи состанок со работната група и ќе ги усогласат измените на законодавството за клевета, потоа како една од мерките за подобрување на состојбата во судската пракса е наведено дека ќе се преведат на 70 пресуди и обуки на судии кои што водат случаи за клевета.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG