Достапни линкови

Британскиот премиер призна дека ја заборавил ќерката во паб


Британскиот премиер Дејвид Камерон јавно призна дека пред меколку месеци ја заборавил својата 8 годишна ќерка во еден ресторан, по неделниот ручек. Ќерката Ненси 15-тина минути седела само во ресторанот, по што Камерон и неговата сопруга се вратиле по неа, беше соопштено денеска од кабинетот на Камерон. Оваа случка прв ја објави британскиот весник Сан во време кога владата на Камерон се обидува да ја активира политиката во врска со така-наречените проблематични семејства. Критичарите ја искористија оваа случка за констатација дека Камерон не е способен да се грижи ни за своето семејство, а камо ли за целата држава.
XS
SM
MD
LG