Достапни линкови

Претседателот не го објаснува ставот


Македонскиот претседател останува без образложение зошто реши да не присуствува на инаугурацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ. За аналитичарите е тешко да се објасни ваквата негова позиција иако за дел од нив таа го следи неговиот политички манир. За други пак има логично објаснување.

Македонскиот претседател останува без образложение зошто реши да не присуствува на инаугурацијата на српскиот претседател Томислав Николиќ. Додека претседателите на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина, својот потег го образложија пред јавноста со радикалните ставови на новоизбраниот српски претседател, од кабинетот на Иванов потврдуваат дека тој ќе остане на ставот неговиот потег да помине без образложение.
Во моментот веројатно постојат некои други приоритети и обврски. Да беше некоја политичка одлука базирана врз факти, дека неговото присуство би било контрапродуктивно, па би се објаснило. Значи нема политички причини со други зборови претседателот да не присуствува, а во такви услови не се даваат ни објаснувања.
Ристо Никовски, аналитичар.

За аналитичарите е тешко да се објасни ваквата негова позиција иако за дел од нив таа го следи неговиот политички манир. За други пак има логично објаснување.

Аналитичарот Ристо Никовски вели дека македонскиот претседател најверојатно донел ваква одлука поради тоа што мисли дека секое образложение би било контрапродуктивно и најваројатно покажува дека зад неа не стојат политички причини.
Српскиот претседател Томислав Николиќ.
Српскиот претседател Томислав Николиќ.

„Во моментот веројатно постојат некои други приоритети и обврски. Да беше некоја политичка одлука базирана врз факти, дека неговото присуство би било контрапродуктивно, па би се објаснило. Значи нема политички причини со други зборови претседателот да не присуствува, а во такви услови не се даваат ни објаснувања“, изјави Никовски.
Мислам дека станува збор за политички стил на нашиот претседател кој до сега наназад не ги дообјаснувал своите ставови или воопшто не ги објаснувал за битни моменти што и се случуваат на Македонија во последните неколку години. На пример неговото одење на Самитот на НАТО во Чикаго, тој не кажа зошто отишол наспроти аргументацијата на премиерот дека не треба да оди.
Стево Пендаровски, аналитичар.

Тој вели дека информацијата дека тие сепак ќе се сретнат во рамките на конференцијата на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Белград в петок, покажува дека сепак не се очекува никаква промена во македонско-српските односи и тие ќе продлжат да се развиваат во истата насока.

Иако го поддржува потегот на македонскиот претседател да не биде присутен на инаугурацијата, аналитичарот Стево Пендаровски е на мислење е дека тој тоа мора да и го образложи на јавноста затоа што тоа во секој случај испраќа одредена политичка порака.

„Па јас мислам дека станува збор за политички стил на нашиот претседател кој до сега наназад не ги дообјаснувал своите ставови или воопшто не ги објаснувал за битни моменти што и се случуваат на Македонија во последните неколку години. На пример неговото одење на Самитот на НАТО во Чикаго, тој не кажа зошто отишол наспроти аргументацијата на премиерот дека не треба да оди. За жал тоа оди на штета на неговиот рејтин и на неговиот углед и пошироко во регионот, не само во Македонија“, додава Пендаровски.

Данило Тирк, претседателот на Словенија која не граничи со Србија и нема ниту еден билатерален спор во овој момент со оваа земја, го образложи својот потег со образложение дека реториката на Николиќ е непримерена за Балканот во 2012 година. На сличен начин својата одлука ја објаснија и претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ и претседателот на претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ.
XS
SM
MD
LG