Достапни линкови

Начинот на делување на власта е фрустрирачки и истиот ги крие нејзините стравови од падот на рејтингот, лабавата коалиција и можноста за помалку гласови на следните избори, велат експертите.

Преку пресконференции и изјави на владини претставници дека сегашната ситуација е резултат на погрешните политики на Бранко Црвенковски власта одговори на кампањата на опозицијата во изминатите две недели. Освен тоа се појавија и контрапротести пред седиштетото на опозицијата.
Мора да се прифати дека власта е власт, опозицијата – опозиција и тоа значи дека не е логично власта да организира контрапротести ако сакаме да се движиме во рамките на демократските процедури.

Според аналитичарите во ред е да се одговара на прашањата на опозицијата, но загрижувачко е излегувањето на контрапротест од страна на власта.Тоа е недемократски чин кој е во согласнот со тоталитарните режими, посочува универзитескиот професор Здравко Савески.

„Мора да се прифати дека власта е власт, опозицијата – опозиција и тоа значи дека не е логично власта да организира контрапротести ако сакаме да се движиме во рамките на демократските процедури.“

Власта одбрала погрешна тактика на дејствување преку мотото: „за се е виновна опозицијата“. Владејачката партија ја игра улогата на власт и на опозиција, применувајќи ја филозофијата на ништење на се друго што не е како нас, анализира професорот Алајдин Демири.
Лежерното владеење, лежерното раководење со државата, недостигот на одговорност пред електоратот и пред опозицијата ја става во таа улога да биде во онаа позиција – Кадија те тужи, кадија те суди.

„Лежерното владеење, лежерното раководење со државата, недостигот на одговорност пред електоратот и пред опозицијата ја става во таа улога да биде во онаа позиција – Кадија те тужи, кадија те суди.“

Сите споредби на оваа влада со претходната се непотребни и не водат кон никаков прогрес, додава Демири.

„Сите споредби во суштина се криење на неуспесите на оваа влада, а кои неуспеси се огромни, од осиромашување на народот, неостиг на инвестиции, лоши меѓуетнички односи, не на НАТО, не на ЕУ, не одбиваат од сите страни се отвара еден пат на изолационизам.“

Во изминатите шест години Македонија назадувала во неколку клучни области, се согласува и Савески.

„Македонија доста уназади во поглед на слободата на медиумите, во поглед на владеење на правото и следствено во однос на демократијата во земјата и тоа треба сериозно да се сфати, а да не се сфаќа како некоја меѓународна хајка против Македонија.“

Според експертите овој начин на делување на власта е фрустрирачки и истиот ги крие нејзините стравови од падот на рејтингот, лабавата коалиција и можноста за помалку гласови на следните избори. Организирањето на контрапротести од страна на власта, во светски развиените демократии е исклучително ретка појава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG