Достапни линкови

Левицата победник на првиот круг избори во Франција


Конечните резултати во првиот круг на парламентарните избори во Франција покажуваат дека социјалистите на претседателот Франсоа Оланд се подготвени да обезбедат мнозинство потребно за спроведување на драматичните економски реформи. Резултатите објавени од страна на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека социјалистите и нивните сојузници Зелената партија освоиле скоро 46 отсто од гласовите во неделата. Овие резултати, треба да бидат потврдени на вториот круг гласање кое е закажано за в недела. Од исходот на гласањето ќе зависи подршката за предлогот на претседателот Франсоа Оланд за зголемување на даноците за богатите со цел да се обезбеди подршка за средната класа. Изборите исто така покажаа зголемена поддршка за екстремната десница односно Националниот фронт, кој повика Франција да го напушти еврото и да се бори против она што го нарекува државата "исламизацијa".
XS
SM
MD
LG