Достапни линкови

logo-print

Инаугурација на новиот српски претседател


Денеска во Белград ќе се одржи свечена инаугурација на српскиот претседател Томислав Николиќ. На инаугурацијата нема да присуствуваат неговите колеги од Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија поради неговите контроверзни изјави околу масакрот во Сребреница. Пред свеченоста се очекува Николиќ да оствари средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе со кого ќе разговара за евроатланските интеграции на Србија. По победата на изборите Николиќ вети дека нема да скршне од патот кон еврпската иднина на земјата и дека членството во ЕУ останува приоритет за Србија.
XS
SM
MD
LG