Достапни линкови

Рахој ја поздрави одлуката на европските министри за финасии


Мариано Рахој

Мариано Рахој

Шпанскиот премиер Мариано Рахој ја поздрави одлуката на министрите за финансии на еврозоната кои одобрија пакет помош за банкарскиот сектор на Шпанија нарекувајќи ја одлуката победа за заедничката европска валута.
Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и на групата земји Г7 сметаат дека помошта во вредност од 100 милијарди евра е чекор кон поголемо фискално единство во Eврозоната и начин за спречување на поголема економска криза низ блокот. Францускиот министер за финансии Пиер Московици рече дека со пакетот се испраќа силен сигнал на солидарност во Еврозоната. Шпанскиот министер за финансии Луис де Гуиндос рече дека со помошта не се налагаат мерки за штедење или економски реформи на шпанската економија.
XS
SM
MD
LG