Достапни линкови

Социјаллибералната партија победи на локалните избори во Романија


Според првичните резултати на изборите во Романија, Социјаллибералната партија победила на вчерашните локални избори во Букурешт и во најголемите градови во земјата, со освоени 65 насто од гласовите. Резултатите на анкетите покажуваат дека поранешната владејачка партија освоила 10 до 15 насто од гласовите. За градоначалник на Букурешт повторно е избран Сорин Опреску. Тој се кандидираше како независна личност, а порано беше члан на Социјалдемократската партија која и сега го поддржува.
XS
SM
MD
LG