Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат судирите во Либија, изборите одложени


Официјални лица соопштија дека борбите меѓу владините сили и племенски борци во јужниот дел на либискиот град Куфра продолжува втор ден по ред.
Најмалку 16 лица починаа во досегашните судири, а меѓу нив има и жени и деца. Претходно, делегација од Меѓународниот кривичен суд пристигна во Либија за да се обиде да се обезбеди ослободување на четири лица кои биле приведени по посетата на Саиф ал-Гадафи, син на поранешниот лидер кој е во затвор. Во меѓувреме парламентарните избори во Либија, првите национални по паѓањето од власт на диктаторот Моамер Гадафи минатата година ќе се одложи за 18 дена, односно ќе се одржат на 7 јули. Шефот на изборната комисија на Либија, Нури Ал Абар рече дека комисијата била принудена да ги одложи изборите поради големи логистички потешкотии во следењето на оригиналниот распоред.
XS
SM
MD
LG