Достапни линкови

Шеесет повредени во земјотресот во Турција


Шеесет лица се повредени во вчерашниот силен земјотрес кој го потресе југозападниот дел на Турција, соопштија локалните власти. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала беше регистриран во малото одморалиште Олудениз, популарен меѓу туристите од Северна Европа.
Повеќето од повредените се со скршеници, со кои се здобиле кога во паника скокале од балконите кога го почувствувале земјотресот.
Голем дел се хоспитализирани поради срцеви проблеми, а неколкумина имале напади на паника. Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста за нов силен потрес.
XS
SM
MD
LG