Достапни линкови

Излезност од 21 отсто на изборите во Франција


Излезноста на парламентарните избори во Франција до пладне се проценува на 21 процент, помала во споредба со излезноста на изборите во 2007 година. Од исходот на гласањето ќе зависи подршката за предлогот на претседателот Франсоа Оланд за зголемување на даноците за богатите со цел да се обезбеди подршка за средната класа. Оланд беше соочен со конзервативно мнозинство во францускиот законодавен дом. Предизборните анкети предвидуваат дека социјалистите може да освојат мнозинство места во парламентот доколку коалицираат со зелените и други коалициски партнери.
XS
SM
MD
LG