Достапни линкови

logo-print

Меркел: Грција да ги почитува обврските


Грција е обврзана да ги почитува преземените меѓународни обврски за рестрикции за да остане во еврозоната, изјави германската канцеларка Ангела Меркел пред новинарите во Берлин. „Секогаш сме зборувале дека сакаме Грција да остане членка на еврозоната. Услов за тоа е следната грчка влада да го почитува меморандумот потпишан со Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Европската комисија“ рече Меркел и додаде дека тоа им било кажано на сите грчки политички партии. Канцеларката го нарече економскиот меморандум „неопходен“ и додаде дека овој документ претставува „основа за позитивен развој на Грција“
XS
SM
MD
LG