Достапни линкови

logo-print

Жозеп Дол: Потребно е веднаш да се реши проблемот со името


Мене ми е дојдено прекуглава, затоа сега тоа го повторувам насекаде: проблемот со името не смее да биде пречка за членството на Македонија во ЕУ - но затоа пак, потребно е да се реши проблемот со името веднаш, вели францускиот европратеник Жозеп Дол во изјава за „Дојче Веле“. Европратеникот е против идејата преговорите за членство на Македонија во ЕУ да започнат пред да се реши проблемот со името. „Јас сум против од едноставна причина. Ако не се реши проблемот со името пред почетокот на преговорите, во текот на целите преговори, секогаш ќе се соочуваме со тој проблем и ќе се вадиме на него дека не може да се напредува понатаму. Затоа посакувам тој проблем да биде решен веднаш. Европа сега треба да ја истакне својата позиција, како што тоа го направи Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Македонија, кој побара почеток на преговорите за време на кипарското претседателство со ЕУ“ вели Дол.
XS
SM
MD
LG