Достапни линкови

logo-print

Грчките фармацевти бараат пари од Европската комисија


Пет грчки асоцијации на фармацевти побараа од Работната група на Европската комисија пари за Националната организација за здравствена заштита. Во писмо до шефот на работната група Хорст Рајхенбах, петте фармацевтски асоцијации бараат 1,5 милијарди евра со цел подмирување на финансиските обврски. Грчките медиуми денеска јавуваат дека откако фармацевтите изминатава недела престанаа да им продаваат лекови на осигурениците во националната организација, скапите лекови за тешките болести сега ќе ги набавуваат аптеките во државните болници во целата земја.
XS
SM
MD
LG