Достапни линкови

Над 80 цивили убиени во Сирија


Сиријска група за човекови права тврди дека владини трупи убиле 83 цивили во саботата. Сиријската обзерваторија за човекови права соопшти дека дваесетмина од жртвите загинале во бомбардирање во градот Дара. Се верува дека повеќе од 13,500 лица биле убиени од почетокот на немирите во земјата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеи Лавров во саботата повика на организирање на меѓународна конференција на која ќе се разговара за кризата во Сирија, тврдејки дека со таков состанок ќе се надминат потешкотиите за имплементацијата на мировниот план на Обединетите нации и Арапската лига.
XS
SM
MD
LG