Достапни линкови

logo-print

Избран нов лидер на Сиријскиот национален совет


Во Сирија продожуваат судирите меѓу бунтовниците и лојалистите на претседателот Башар Ал Асад

Во Сирија продожуваат судирите меѓу бунтовниците и лојалистите на претседателот Башар Ал Асад

Главната сиријска опозициска група избра курдски активист за нов лидер. Абделбасет Сида беше единствениот кандидат за лидерската позиција на состанокот на Сиријскиот национален совет кој вчера се одржа во Итамбул. Сида доаѓа на местото на академик Бурхан Галиун, кој претседаваше со советот од неговото формирање во 2011 година. Сиријскиот национален совет е коалиција од седум опозициски групи, формиран со цел да понуди алтернатива на режимот на сиријскиот претседател Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG