Достапни линкови

Меѓународната заедница ја поздрави помошта за Шпанија


Европските лидери и меѓународните организации го поздравија пакетот помош за шпанскиот банкарски сектор. Претставници на Меѓународниот монетарен фонд и на групата земји Г7 сметаат дека помошта во вредност од 100 милијарди евра е чекор кон поголемо фискално единство во Eврозоната и начин за спречување на поголема економска криза низ блокот. Францускиот министер за финансии Пиер Московици рече дека со пакетот се испраќа силен сигнал на солидарност во Еврозоната. Шпанскиот министер за финансии Луис де Гуиндос рече дека со помошта не се налагаат мерки за штедење или економски реформи на шпанската економија.
XS
SM
MD
LG