Достапни линкови

Две нови места за туристите на Кинескиот ѕид


Кина ќе им овозможи на туристите пристап до уште два дела од Кинескиот ѕид, бидејќи е големо интересирањето на луѓето од цел свет токму за таа градба. Како што јави агенцијата Синхуа, општинските власти одлучиле на туристите да им дадат можност да го посетат Кинескиот ѕид на уште две места, освен досега познатите Митјанјуј и Бадалинг.
Кинескиот ѕид е висок повеќе од 8000 километри, а неговата првобитна намена била заштита на некогашното кинеско царство.
Секоја година илијадници туристи го посетуваат ова светско чудо, при што се оштетуваат и забранетите делови од ѕидот.
XS
SM
MD
LG