Достапни линкови

ЕУ не бара од Србија да го признае Косово


Петер Стано

Петер Стано

Признавањето на Косово не е услов на Европската унија за напредок на процесот на придружување на Србија, изјави Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
-Клучниот услов за напредок на Србија е напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и примена на досега постигнатите преговори, рече Стано.
Тој потсети дека тоа е јасно наведено во заклучоците на Европскиот совет од март годинава. Претседателот на Србија Томислав Николиќ најави дека за време на својата посета на Брисел во четврток, од своите домаќини ќе побара јасен одговор дали признавањето на независноста на Косово е услов Србија да влезе во ЕУ.
XS
SM
MD
LG