Достапни линкови

logo-print

Геј парада во знак на подготвеност на Хрватска да влезе во ЕУ


Под големо полициско обезбедување денеска во Хрватска се одржа марш за правата на хомосексуалците. Како што се соопштува на маршот се гледа како на тест на толеранцијата во земјите кои сакаат да се дел од Европската Унија.
Повеќе од 300 луѓе тргнаа од еден парк во Сплит - вториот по големина град на Хрватска, додека околу 900 припадници на специјалната полиција ја обезбедуваа парадата. Со плакати "Да се биде геј е во ред", на демонстрантите им се придружија пет министри, вклучувајќи ги и оние за внатрешни и надворешни работи, како и странски дипломати и познати хрватски интелектуалци.
Хрватските власти ветија дека настанот ќе значи знак на решеност за заштита на човековите права пред приклучувањето во Европската Унија во 2013 година.
Првата геј парада во јуни минатата година во Сплит беше нарушена од насилното однесување на некои противници на хомосексуалното определување, кои фрлаа шишиња и камења по демонстрантите.
XS
SM
MD
LG