Достапни линкови

logo-print

Антифашистички митинг во Атина


Под мотото „Никогаш повторно“ на плоштадот Омонија во центарот на Атина се одржа антинацистички и антирасистички митинг, кој помина без инциденти, јавуваат грчките медиуми. Под засилени мерки за безбедност, учесниците ги осудија нацистичките практики од страна на крајнодесничарската партија „Златна зора“ и одржаа митинг пред Парламентот.
Митингот е во рамки на планираните во земјата пошироки антифашистички и антинацистички собири во седум градови на Грција - Атина, Солун, Патра, Ираклион, Ретимно, Јанина и Александруполис.
XS
SM
MD
LG