Достапни линкови

logo-print

Попоски ја потврди заложбата на Македонија да стане дел од Европа


Никола Попоски

Никола Попоски

На последниот ден од неговата активност пред Европскиот Парламент, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Генералното собрание на Меѓународната Паневропска унија во Стразбур.
Во своето обраќање Попоски уште еднаш, ја реафирмирал заложбата на Република Македонија да стане дел од Европското семејство што поскоро.
Шефот на македонската дипломатија информирал за напредокот на Република Македонија во исполнувањето на политичките и економските критериуми, усогласувањето на македонското законодавство со европското, како и за подготвеноста на институциите да го следат европскиот терк на работа и дејствување.
Како што јавуваат агенциите, пред учесниците на Меѓународната Пан-европска унија, Попоски повикал да не се запре со европските интеграции се додека не се виде Европа целосна и обединета.
Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, а нејзините членови се стремат кон политички, економски и воено обединета Европа како заедница на мир, закони и слобода.
XS
SM
MD
LG