Достапни линкови

Москва е загрижена за конфликтот во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека Москва е загрижена поради продолжувањето на конфликтот во Сирија, но дека Москва ќе продолжи да се противи на употребата на сила од надвор.
Сепак, Лавров изјави дека Русија нема да се противи на заминувањето од власт на претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, но само доколку за тоа одлучат сириските граѓани.
Русија бара одржување на итна меѓународна конференција на која ќе се зборува за ситуацијата во Сирија каде што продолжуваат убиствата над цивили. Претходно, американскиот државен секретар Хилари Клинтон се сретна со меѓународен претставник, Кофи Анан во Вашингтон за да разговараат за тоа како да го спасат неговиот план со кој ќе се стави крај петнаесет месечното крвопролевање во Сирија.
XS
SM
MD
LG