Достапни линкови

Обама: Ако Грците ја напуштат еврозоната работите ќе се влошат


Европејците знаат дека итно треба да работат за справување со кризата, а Грците треба да разберат дека ако ја напуштат еврозоната, нештата ќе се влошат, изјави денеска претседателот на САД Барак Обама.
- Европските лидери треба да внесуваат капитал што е можно поскоро во слабите банки и да преземат дополнителни чекори, изјави Обама.
Обама, кој во последните денови разговараше телефонски со повеќе европски лидери, изјави дека тешкотиите на Грција „без сомнение би се зголемиле, ако земјата го напушти еврото.
Toj додаде дека рецесијата во Европа ќе има извесно влијание врз темпото на оживување на американската економија.
XS
SM
MD
LG