Достапни линкови

Владина помош по земјотресот во Охридско


Зоран Ставрески

Зоран Ставрески

Владата ќе помогне за санација на штетите на куќите и другиот имот од земјотресот што во четвртокот го зафати охридскиот регион, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој заедно со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го посети село Белчишта. Тој додаде дека била формирана комисија која ќе направи проценка на штетата. Во Белчишта има пријавено оштетувања кај 20 куќи.
XS
SM
MD
LG