Достапни линкови

logo-print

Mакедонско-француското трио КАРАВАНИА со деби албум


„Џипси џез сешн“ е насловен деби албумот на македонско-француското трио КАРАВАНИА што се појави деновиве и чија цел е ревитализација на малку подзаборавениот кај нас музички стил - „еуро-свинг“.

Ристо Ивановски, Стефан Робин и Иван Бејков се музичарите кои го сочинуваат триото КАРАВАНИА и кои неодамна го обелоденија деби албумот насловен „Џипси џез сешн“. Станува збор за издание на продукциската куќа „Интермедиа“ и носач на звук на кој се поместени 14 композиции на легендарните Џанго Реинарт, Дјук Елингтон, Жан Брусол, Томас Шмит...две традиционални и една авторска песна на Ивановски.

Долго време планиравме нешто посериозно да направиме. Идејата ја даде еден мој пријател Англичанец кој живееше во Скопје до пред 2 – 3 месеци. Во Лондон бил продуцент, имаше мини студио и ни ја сними пробата, потоа направи мастеринг на тоа, го измикса како што треба и ете излезе цедето. Се е снимено во живо.

Материјалот е сниман на 10 август минатата година во скопското студио на Британецот Стив Малони и, како што велат потписниците, тие уживале во секој момент од свирката која откако ја преслушале снимката виделе дека без било какви дополнителни интервенции и наснимувања може да биде документирана на носач на звук.
Ристо Ивановски, гитарист.

Ристо Ивановски, гитарист.


„Долго време планиравме нешто посериозно да направиме. Идејата ја даде еден мој пријател Англичанец кој живееше во Скопје до пред 2 – 3 месеци. Во Лондон бил продуцент, имаше мини студио и ни ја сними пробата, потоа направи мастеринг на тоа, го измикса како што треба и ете излезе цедето. Се е снимено во живо“, вели гитаристот Ристо Ивановски.

Тој дополнува дека едно време настапувал со професорот Јане Пенов и некои други музичари изведувајќи стилски блиска музика, за да потем го започне овој проект.

„Караваниa е проект што од прилика трае 4 години, го започнавме јас и Стефан Робин од Франција кој е исто гитарист, потоа ни се приклучи Иван Бејков контрабасист и решивме да правиме мини концерти по скопските клубови. Не е тоа музика која е едноставна, баш напровив е бааги сложена и е за џез пуританци би рекол.“

Промоцијата на албумот ќе се случи деновиве откако Стефан ќе пристигне во Скопје, а веќе е извесно дека, по настапите на некои од летните културни манифестации во земјава, триото планира да одржи и серија на перформанси по клубовите во Франција, Италија, Хрватска и во соседна Бугарија.

Инаку, Ивановски е познат и како градител на музички инструменти и, како што вели самиот, неговите гитари изработени по порачка ги свират бројни влијателни личности од јавниот живот во светот.

„Јас лично сум инфициран од оваа музика уште како дете и затоа и почнав да правам гитари затоа што не можев да си купам таква гитара како на Џанго да имам па ајде почнав да учам да правам и денеска ги продавам по цел свет.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG