Достапни линкови

По две години чекање охриѓани ќе добијат болница


Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.
Министерот за здравство, Никола Тодоров во посета на болницата во изградба во Охрид.

Болницата во Охрид ќе биде готова до крајот на оваа година, уверува министерот за здравство Никола Тодоров. Охриѓани бараат да се забрзаат работите бидејќи неработењето на неколку витални одделенија создава нервози и проблеми за пациентите. На нова болница се чека веќе две години.

Гужви, долги редици чекање, влегување преку ред. Ова е сликата од најголемиот дел од македонските здравствени институции. Охриѓани, пак, се соочуват со уште поголем проблем. Неколку витални одделенија во градската болницата како што се гинекологија, хирургија, одделението за уво, грло и нос веќе две години не работат. И за најмала интеревенција тие треба да одат до Струга, бидејки никако да завршат градежните работи на дел од охридската болница.
Имавме и случај, ја носевме жената на породување во Струга. Да беше тука можеби ќе се породеше побрзо, вака ги испушти децата. Ова е вистински хаос.
Анкетиран граѓанин.

Пациетните реагираат:

„Треба да се направи што побрзо. Најглавен проблем е. Имавме и случај, ја носевме жената на породување во Струга. Да беше тука можеби ќе се породеше побрзо, вака ги испушти децата. Ова е вистински хаос. Гужви колку сакаш. Од 11 сме дојдени, а сега е 14 часот“, рече еден граѓанин.
Министерот за здравство, Никола Тодоров.
Министерот за здравство, Никола Тодоров.

„Проблем број еден е ова. Ги лапнаа парите, од корен ако беше рушена болницата сега со тие средства ќе ја средеа. Целиот персонал оди Струга. Хаос е, поминаа три години“, рече друг граѓанин.
Реконструкцијата оди побрзо и од тоа што јас очекував. Да не се урочиме, очекувам да заврши пред крајот на оваа година и наредната година.
Никола Тодоров, министер за здравство.

И во Струга е слична состојбата, затоа што струшката болница како никогаш досега руши рекорди во своето работење. Се работи далеку од предвидениот капацитет и можностите, но од таму се надеваат дека овој пат навреме ќе завршат работите во Охрид. Се случува да има и по неколку операции и породувања на ден, а капацитетите се истите од пред неколку години.

Министерот за здравство Никола Тодоров, вети дека болницата ќе биде готова до крајот на годинава.

„Реконструкцијата оди побрзо и од тоа што јас очекував. Да не се урочиме, очекувам да заврши пред крајот на оваа година и наредната година“, рече министерот за здравство Никола Тодоров.

Директорот на охридската болница Љубен Арнаудов, вели дека градежните работи ќе завршат навреме, но оти за инсталирање на опремата ќе треба време.

„Мислам дека во предвидениот рок ќе биде завршена болницата, но сакам да кажам дека градежниот дел ќе биде со забрзано темпо, но инфраструктурата внатре и техничкиот дел, инсталациите внатре ќе бидат под посебен мониторинг затоа што се многу важни и тука нема да има брзо“, рече Арнаудов.

Дали тоа значи дека охриѓани и после завршувањето на градежните работи ќе треба да почекаат додека болницата проработи со полн капацитет.
XS
SM
MD
LG