Достапни линкови

Хоџај: Секоја држава на Балканот има своја Митровица


Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај

Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај смета дека поделбата на северот на Косово не доаѓа во предвид, бидејќи целиот регион ќе го врати во состојбата пред 20 години. ,,Секоја држава на Балканот има проблематичен дел како Митровица, што значи дека ќе има синџир на реакции,, изјави Хоџај за Дојче Веле. Тој во врска со дијалогот меѓу Приштина и Белград оцени дека проблем претставува неспроведувањето на веќе постигнатите договори. Хоџај ја повтори изјавата дека граѓаните од трите општини од северот на Косово биле заложници на полициските и безбедносни сили од Србија.
XS
SM
MD
LG