Достапни линкови

Неделен печат - Подготовки за избори


Митинзите на опозицијата и засилената пропаганда на власта пред локалните догодина се дел од темите за анализа во неделниците.

Невидено остар напад на првиот митинг од најавеното „работно“ лето на опозициската СДСМ во Струмица и настапот на нејзиниот лидер, Бранко Црвенковски во најновиот он-лајн магазин Глобус, во носечката политичка колумна, „Офаманаман“.
Oпозицијата и нејзиниот лидер не сфатиле дека единствениот фактор кој емитира енергија, нешто ситно гради (тротоари, жардиниери и споменици) за да може да урива темели (Македонија) е вемерето.
Глобус.

Глобус - „Факинг петинг митинг“

Во колумната насловена со „Факинг петинг митинг“ авторот смета дека ваквата опозиција и нејзиниот лидер не произведуваат емоции, а новите емоции кои кај народот се јавуваат по сосема други поводи, не е во состојба да ги артикулира.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Прашањето е што направивте да ги оправите компаниите и индустријата, освен што шест години принтате огласи по весниците и како најголема продуцентска куќа снимате стерилни спотови?...Што?.
Капитал.
Не произведува нова вредност, а тоа значи дека нивото на општественото расположение е совршено индиферентно во однос на опозициските активности, пишува Глобус. Според авторот опозицијата и нејзиниот лидер не сфатиле дека единствениот фактор кој емитира енергија, нешто ситно гради (тротоари, жардиниери и споменици) за да може да урива темели (Македонија) е вемерето. И дека на тоа не може да се парира со бесмислени митинзи и со вознемирување на земјоделците, туку со идеја... со спремност за учење, со жртва... Значи, со се' што го нема во нашата жална опозиција, порачува неделникот во колумната.

Капитал - Доста дриблање и дробење, или работете или замолчете!

Токму засилената пропаганда на власта пред локалните догодина на пролет го провоцира воведничарот на Капитал во насловот да извика: „Доста дриблање и дробење“, или работете или замолчете! ВМРО-ДПМНЕ во платен огласи критикува, пишува неделникот, дека Црвенковски и неговата партија во транзицијата уништиле многу компании и фабрики. За да му биде на народот појасно, и' се обраќа Капитал на власта, ајде во следен оглас објаснете зошто за шест години не успевате да издигнете и успешно да рестартирате ниту една компанија во државна сопственост. Зошто не ги оправивте Тутунски во Прилеп, охридски ЕМО, Македонка Штип, ЗК Пелагонија и Анска Река, ОХИС и Еурокомпозит? Прашањето е што направивте да ги оправите компаниите и индустријата, освен што шест години принтате огласи по весниците и како најголема продуцентска куќа снимате стерилни спотови?...Што? - прашува најновиот Капитал.

Фокус - Опозицијата се стега за локални на пролет, ама власта ќе им стегне парламентарни на есен?!

И Фокус прави анализа на политичката атмосфера во земјава и во насловот забележува дека „Опозицијата се стега за локални на пролет, ама власта ќе им стегне парламентарни на есен?!“. Иако ВМРО-ДПМНЕ негира, политиколозите сметаат дека можни и логични се парламентарни избори на есен, а тоа тврдење го засноваат врз впечатокот дека владејачката партија има намера да отвори уште една „конечна пресметка со Црвенковски и со транзициските политчари“. Партијата чувствува дека на парламентарни избори нивен главен противник е Црвенковски, а кампањата се фокусира на „големи“ теми, патриотизам, име, идентитет... А на локални има повеќе кандидати и на виделина излегуваат мноштвото локални проблеми и општото незадоволство од секојдневната живеачка.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG