Достапни линкови

Прободени двајца полицајци во Брисел


Во Брисел полесно биле повредени двајца полицајци откако со нож биле нападнати од исламист. Нападот се случил во едно предградие на Брисел каде што деновиве имало судири меѓу муслиманите кои живеат таму и полицијата. Кај напаѓачот биле откриени документи поврзани со екстремистичката муслиманска група Шаријах за Белгија. Лидерот на оваа група Фуад Белкацем во четвртокот беше уапсен во неговиот дом во Антверпен откако на Јутјуб постирал видео порака со која повикува на напади врз немуслиманите. Претходно, полицијата во Брисел уапсила една жена која не сакала да го симне превезот од лицето, по што дојде до судири. Белгија и Франција имаат забрането носење превез на јавно место.
XS
SM
MD
LG