Достапни линкови

Брегот на Слоновата коска: убиени 7 мировници на ОН


Седуммина членови на мировната мисија на Обединетите нации денеска биле убиени во заседа на југозападот на Брегот на Слоновата коска. Тие биле дел од патролата јужно од местото Таи во областа која од неодамна ја контролираат ОН поради нападите врз цивилното население. Загинатите припадници на ОН биле од Нигер. ОН имаат мисија во Брегот на Слоновата коска од 2004 година.
XS
SM
MD
LG