Достапни линкови

Посматрачите на ОН во Сирија го истражуваат последниот масакр


Посматрачите на Обединетите нации го посетиле местото каде што деновиве, според наводите на сиријски активисти, бил извршен масакр при што биле убиени скоро 80 луѓе. Дваесетина посматрачи кои вчера биле во селото Мазрат ал Кубеир изјавија дека нашле докази дека таму било извршено страшно злосторство. Режимот на претседателот Башар ал Асад ги отфрла обвинувањата дека е одговорен за масакрот.
XS
SM
MD
LG