Достапни линкови

logo-print

Јеремиќ претседавач на Генералното собрание на ОН


Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ е избран за претседавач на Генералното собрание на ОН. Од 193 земји членки на ОН, за Јеремиќ гласале 99, јавија српските медиуми.
Во седиштето на ОН Јеремиќ рече дека му е голема чест што е избран на таа исклучително важна позиција и порача дека еднакво ќе ги третира сите членки на ОН.
Вук Јеремиќ својот противкандидат, амбасадорот на Литванија во ОН Далиус Чекулис, го „победи“ откако доби 14 гласови повеќе. За Чекулис гласаа 85 земји.
Вкупно гласаа 190 делегати, од кои еден беше воздржан, додека неважечки беа пет гласа.
Претседавањето со Генералното собрание на ОН во мандатот на Јеремиќ ќе трае од септември 2012 до септември 2013 година.
XS
SM
MD
LG