Достапни линкови

Средба Попоски - Јагланд во Стразбур


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Стразбур имаше работна средба со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд, на која станало збор за повеќе теми меѓу кои и реформите во оваа европска организација.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, шефот на македонската дипломатија ги поздравил реформите и напорите кои ги прави Советот на Европа за системот на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, односно зголемување на неговата ефикасност, посочувајќи дека Република Македонија има позитивен придонес во овој контекст. На состанокот станало збор и за регионалната димензија и значењето на европските интегративни процеси за мир, стабилност и просперитет во регионот.
XS
SM
MD
LG