Достапни линкови

Владата и општините ќе ангажираат 4 илјади сезонци на 6 месеци


Четири илјади лица ќе бидат ангажирани во општините на јавни работи. Проектот ќе стартува летово, а ќе трае шест месеци. Од страна на општините ќе бидат ангажирани 2.000 лица, а исто толку ќе бидат ангажирани од Владата, која има обезбедно 1,5 милиони евра.
Проектот беше тема на денешниот состанок во ЗЕЛС на кој присуствуваа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за труд и социјална политика и за локална самоуправа Спиро Ритовски и Невзат Бејта.
За претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски ова е добра иницијатива за ангажирање сезонски работници кои ќе работат на одржување на хигиената на улиците и на зеленилото што ќе придонесе кон поголема хигиена, подобар изглед на јавните површини, заштита на животната средина и подобри услови за граѓаните.
. Предност ќе имаат лица кои подолг временски период се невработени, лица со пониски квалификации и лица со над 55 години, лица кои потешко можат да бидат ангажирани на пазарот од приватниот сектор. Ќе бидат со договор, а месечниот надомест ќе биде 7.000 денари.
XS
SM
MD
LG