Достапни линкови

logo-print

Жбогар загрижен за ситуацијата во северниот дел на Косово


Специјалниот пратеник на ЕУ за Косово Самуел Жбогар изрази загриженост во врска со сегашната ситуација во северниот дел на Косово и го повтори ставот дека не треба да се попречува правото на слободно движење.
Жбогар изрази жалење дека дошло до инциденти, во кои имало повредени. Судири меѓу војници на КФОР и Срби избувнаа на 1 јуни откако КФОР започна да ги отстранува барикадите во селото Рударе кај Звечан. При тоа беа ранети четворица Срби и двајца германски војници од составот на КФОР.
XS
SM
MD
LG