Достапни линкови

АРМ домаќин на меѓународна вежба „Мудар Волк“


Криволак

Криволак

Во Скопје, во Охрид и на армискиот полигон ,,Криволак“ неделава се одржа меѓународна здружена вежба на специјалните единици од армиите на балканските држави, под името ,,Мудар Волк“, соопшти ГШ на АРМ.
Вежбата е иницирана во рамките на балканската иницијатива на началниците на ГШ од армиите на балканските држави (Б9), а со свои тимови од составот на специјалните единици и штабни офицери, покрај припадниците на полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија, учествуваа припадниците на специјалните единици на Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Црна Гора.
Целта на вежбата беше да се зголеми степенот на интероперабилност на специјалните единици од армиите на балканските земји, подобрување на координацијата во подготовката за учество во здружени операции за стабилизација и поддршка на мирот предводени од НАТО, како и зајакнување на спасувачките можности и капацитети за помош на цивилните структури во случај на кризни состојби.
XS
SM
MD
LG