Достапни линкови

Холанѓаните се пожалија на расистички испад


Фудбалерите на репрезентацијата на Холандија денеска се пожалија на расистички извици за време на нивниот јавен тренинг во Краков, Полска. Капитенот Марк Ван Бомел изјави дека било многу непријатно кога некои луѓе, кои го следеле тренингот на неговата репрезентација имитирале магариња. Со тоа, се зголеми загриженоста од расистички испади за време на шампионатот. Сепак, официјален претставник на УЕФА изјави дека немало расистички мотивирано однесување, туку мала група полски навивачи протестирале против одлуката на ФИФА што и Краков не е еден од градовите каде што ќе се играат натпревари. Инаку, на јавниот тренинг на холандската репрезентација во Краков, присуствувале околу 30.000 фанови.
XS
SM
MD
LG