Достапни линкови

logo-print

Турција на стенд бај со ЕУ за време на кипарското претседателство


Архивска фотографија: Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу.

Архивска фотографија: Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу.

Турција соопшти дека нема да присуствува на кој било настан организиран од ЕУ за време на шестмесечното кипарско претседателство што почнува на 1 јули. Турскиот министер за надворешни работи Ахмед Давутоглу изјави дека ни едно политичко тело од неговата земја нема да учестува во „никаква активност“ предводена од Кипар без напредок во разговорите за повторно обединување меѓу грчкиот дел на Кипар, кој е членка на ЕУ и северниот турски дел на поделениот остров. Давутоглу го кажа ова на заедничка прес-конференција со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Тој рече дека односите на Турција со ЕУ „ќе продолжат да бидат такви какви што се“, без оглед на застојот за време на кипарското претседателство.
XS
SM
MD
LG