Достапни линкови

Хрватска министерка поднесе оставка поради ургенции


Хрватската министерка за животна средина Мирела Холи.

Хрватската министерка за животна средина Мирела Холи.

Хрватската министерка за животна средина Мирела Холи поднесе оставка, откако претходно медиумите објавија писмо во кое таа бара од директорот на Хрватски железници да не ја отпушти сопругата на еден од членовите на Советот за заштита на животната средина.

„Молбата беше пратена не од службениот, туку од партискиот меил и тоа на партиски колега“, изјави вчера Холи за националната телевизија ХРТ, истакнувајќи дека тоа е едноставно човечка молба.

Во својата оставка таа наведува дека со „бесмислената порака“ до директорот на Хрватски железници и нанела политичка штета на Владата. Премиерот Зоран Милановиќ ја прифати оставката.

Ова е втор член на владата на Зоран Милановиќ кој поднесува оставка. Во април од функцијата се повлече министерот за транспорт Златко Комадина.
XS
SM
MD
LG