Достапни линкови

Црвениот Плоштад во Москва затворен во наредните пет дена


Црвениот Плоштад во Москва.

Црвениот Плоштад во Москва.

Руската Федерална служба за заштита објави дека Црвениот Плоштад во Москва ќе биде затворен во наредните пет дена до 12 јуни, кога се прославува Денот на Русија, национален празник со кој се одбележува декларацијата за сувереност на Русија од 1990 година.

За време на празникот се планирани опозициски протести низ целата земја. Рускиот парламент оваа недела донесе закон со кој се предвидуваат казни до 9 илјади долари за луѓето што учествуваат во недозволени собири, но претседателот Путин се уште не го потпишал. Руските организации за човекови права реагираат дека законот е неуставен.
XS
SM
MD
LG