Достапни линкови

Британија ќе ги третира принудните бракови како кривично дело


Илустрација: Млади Пакистанки.

Илустрација: Млади Пакистанки.

Британската влада предложи нови закони со кои присилните бракови ќе се третираат како кривични дела. Во соопштението од британското Министерство за внатрешни работи се наведува дека со предложените измени, на родителите што ќе ги присилат нивните деца на брак им се заканува затворска казна.

Повеќе од 2.000 луѓе од почетокот на годинава се пожалиле дека биле присилени да склучат брак. Најголемиот број на случаи биле со девојки од Пакистан и од Бангладеш помлади од 21 година, а некои помлади дури и од 15 години.

Премиерот Дејвид Камерон оцени дека принудните бракови се „одвратни и малку повеќе од ропство“. Владата сака да ја воведе оваа легислатива до 2014 година.
XS
SM
MD
LG